Комбинирани
бојлери
БОЈЛЕРИ СО ТОПЛОИЗМЕНУВАЧ
ЗА СОЛАРНО И ПАРНО ГРЕЕЊЕ
Најлесно до максимално искористување на електричната енергија со моќниот Канон од Парновод! Креиран според најнова технологија на пазарот овој комбиниран бојлер го има најмоќниот топлоизменувач и може да се поврзе на соларно и парно греење за максимална ефикасност.
Како функционира?
Водата од соларниот колектор или инсталацијата за парно греење поминува во внатрешни цевки ( топлоизменувачи) во бојлерот и ја загрева водата која е наменета за санитарна употреба. Водата од соларното и од парното не се меша туку единствено нивната топлина се искористува за загревање на водата во бојлерот. На тој начин максимално се заштедува со тоа што водата која е наменета за санитарна употреба не се загрева целосно со електричен грејач, туку се загрева со топлината на водата од соларното и парното греење.