Биомасата претставува тип на обновлив извор на енергија. Еден од најефикасните начини за искористување на биомасата е нејзино финализирање во готов производ-пелети. Пелетите се далеку посупериорни како гориво во однос на сите други останати енергенси. Тие се био-гориво составено од компресирани дрва кои обезбедуваат постојано и ефикасно греење. Гори толку чисто што е речиси невозможно да се види чадот од оџакот , зад себе остава околу 1% пепел при што издувните гасови се сведени на минимум.

VNATRESNA

Пелети – еколошко гориво

Дрвните пелети се чисто и природно гориво кое што главно е составено од пелевина или пак од остатокот на шумските и необработените дрвја. Тие се спореден, а не примарен производ кој се произведува од рециклирано дрво во пиланите каде што под висок притисок дрвото се стеснува во мали пелети ,а додатни работи како на пр. лепило не се воопшто потребни. Дрвните пелети со изразито мала влажност имаат висока горивна ефикасност. Пелетите имаат голема густина и можат да се произведуваат со многу ниска содржина на влага (под 10%) која овозможува да согорат со висока горивна ефикасност. Во текот на горењето настанува многу малку пепел. Посебна предност се состои во тоа што е смалена потребата за простор за складирање во однос на исеченото дрво. Дрвените пелети се економични и не се поскапи од нафтата или земниот гас. Обновливите извори на енергија постануваат со тек на време поефтини, а фосилните горива напротив постануваат се поскапи и поскапи.

pellets-550x2402

Пелетите се произведуваат во форма на кратки цилиндри со дијаметар 6-10 мм (во зависност од големината на системот за греење) и 10-30 мм во должина. Калоричната моќ на пелетите се движи 4,7 – 4,9 kWh/kg (16.9 – 18 MJ/kg). Густината на пелетите е од 600 -700 кг/ м3.

1kg пелети = 18 MJ/kg = 5 kW/h

2,5 kg суво дрво 25% влажност = 2 kg пелети

1 lit. лож уље – нафта = 2 kg пелети

1 м3 земен гас = 1,85 kg пелети

5 kW/h електрична енергија = 1 kg пелети

4,5 m3 сурови дрва = 1 тон пелети

Цена – 1kg пелет = 11 – 15 денари во зависност од квалитетот

Пелетите се докажано најчист начин за загревање, а имаат и голем број на предности:

Лесни се за палење;
Лесно е за ракување со оглед на специјалните горилници кои се целосно автоматизирани што значи нема станување во текот на ноќта за ставање на дрва;
Висока калорична вредност. Еден тон на пелети е еднаков на еден и пол тон на дрва и притоа зафаќаат помалку од третина од просторот кој би го зафаќало дрвото;
Ниска содржина на вода (околу 10%);
Намалување на јачината на звукот;
Економски исплатливи, нивната цена не е диктирана од светските настани;
Нудат независност од меѓународните кризи и глобалните случувања;
Минимално одржување. За разлика од дрвото нема смоли и многу мала количина на пепел;
Пелетите се CO2 неутрални со што се подобрува квалитетот на горивото;
Обновлив извор на енергија за греење

Денес Македонија пополека ги прифаќа пелетите како едно од најдобрите решенија за загревање на просторот. Значајно е да се спомене дека имаме се повеќе производители на пелети во Македонија, како и сопствено производство на горилници за пелети кои се достапни на пазарот заедно со странските горилници. Благодарение на информациите кои се достапни за широките маси се повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат да ги загреваат своите простории со пелети.

Со денешниот напредок е постигнато котлите на палети да им се ривал на котлите на фосилни горива пред се поради леснотијата на користење, ефикасноста и чистотата. Тие можат да го заменат или дополнат вашиот постоечки систем со значителни заштеди во трошоците за греење.

Еколошка предност

Користењето на овој вид на суровини и емисиите на CO2 се сведени на минимум. Емисиите на сулфур диоксид се исто така помали во споредба со употреба на масло. Дрвото кое е присутно и кај нас не мора да се увезува и транспортира од далечни земји како што е тоа случај со фосилните горива.

Достапно, едноставно и комфорно решение за греење без разлика дали се работи за приватни или комерцијални системи.

Безбедност

Согорувањето на дрвените пелети речиси не произведува креозот , главна причина за пожарите во печките и камините.

Комфорни употреба

За разлика од дрвата, дрвените пелети се пакуваат во вреќи од 15 кг, и се чисти и практични за чување, не ја валкаат куќата и не донесуваат инсекти со нив, и заземаат само една четвртина од просторот потребен за чување цепеници. Поради многу мал остаток од пепел, се продолжува времето помеѓу две чистења на печката и оваа макотрпна и скапа работа се сведува на минимум.